Следејќи ги трендовите и желбите на купувачите, Hyundai ја претстави спортската Kona N – која е првиот кросовер од N дивизијата и може да се пофали со 280, односно 290 коњски сили!
Под поклопецот на Kona N се крие 2-литарски, четири-цилиндерски турбо-бензинец кој испорачува 280 коњски сили и 392 Nm вртежен момент, но со N Grin Shift опцијата, моќноста краткотрајно расте на 290 коњски сили. Моторот ја пренесува силата кон предните тркала преку 8-брзински автоматски менувач со двоја спојка, а целиот погон е оптимизиран да испорачува што е можно подобри перформанси. Според официјалните податоци, Kona N достигнува 100 километри на час за само 5.5 секунди и забрзува сè до максимални 240 километри на час.
Менувачот на Kona N има и N Grin Shift, N Power Shift и N Track Sense Shift режими кои се активираат во зависност од потребите на возачот. N Grin Shift овозможува максимални перформанси на менувачот во ериод од 20 секунди, N Power Shift се активира при силно забрзување и го нагласува вртежниот момент, додека N Track Sense Shift го прилагодува менувачот за поспортско возење.
Kona N добива и специјални 19-инчни ковани тркјала обвиени во спортски пневматици, а дел од приказната се и спортски сопирачки, електронски диференцијал со ограничено пролизгување, спортски издувен систем и 5 различни режими на возење.
Kona N ќе ја препознаете по специјалната предна маска, црвените детали, спортските странични прагови, предниот сплитер, триаголното трето стоп светло и големиот заден спојлер. Секако, тука се и многуте N значки, а за Kona N е резервирана и новата Sonic Blue боја. Кабината добива N спортски управувач, нов хед-ап дисплеј, дигитални инструменти, N спортски седишта со сини детали и многу, многу повеќе.