„Твинговците“ се враќаат – новата Twingo Cup сезона започнува викендов на Hungaroring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Твинговците“ се враќаат – новата Twingo Cup сезона започнува викендов на Hungaroring!

По едногодишна пауза поради Covid-19, Twingo Cup се враќа – и тоа на значително повисоко натпреварувачко ниво!

Twingo Cup се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 – и тоа на повисокото натпреварувачко ниво FIA CEZ (FIA Central European Zone).

Новата сезона ја стартуваме овој викенд со закажани две трки на 17.04.2021 год. (Сабота) во Унгарија на легендарната патека „Hungaroring“. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021 POWERED BY GLASO. Нашите натпреварувачи се Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Оваа сабота на Hungaroring силите ќе ги мерат со останати 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија. Организаторите напоменуваат дека за време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид 19.

Оваа сезона има нагласен интернационален карактер – покрај две кружни трки во Кичево и две ридско-брдски трки на домашно тло, купот ќе биде дел и од натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули), Словакиаринг – Словачка (Август), Red Bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Од Twingo Cup изразуваат голема благодарност до поддржувачите: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат трките да се организираат на високо ниво – како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.