SEAT се подготвува да ги претстави освежените Ibiza и Arona – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT се подготвува да ги претстави освежените Ibiza и Arona

Шпанскиот бренд се подготвува да ги освежи Ibiza и Arona – најавува еволуција на екстериерот и револуција во ентериерот!

Ibiza е супер-важен модел за SEAT – низ историјата на моделот, продадени се преку 6 милиони примероци. Од друга страна, Arona се покажа како успешна приказна, и минатата година беше вториот најпродаван модел на SEAT. Токму затоа, Seat вдахнува нов дух во урбаните модели – и најавуваат еволуција на екстериерот и револуција во ентериерот на Ibiza и Arona.

Од Seat напоменуваат дека светот станува сè подигитализиран, и дека Ibiza и Arona се подготвени да бидат дел од тоа патување, но со уште помладешки дух, подобрени интуитивност и функционалност, како и подобрен квалитет во кабината. Премиерата е закажана за 15ти Април.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.