ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави освежениот CLS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz го претстави освежениот CLS

Mercedes-Benz го претстави освежениот CLS – кој добива освежен дизајн, нови бои, освежување во кабината и нови погонски единици.

Освежувањето кај CLS започнува со редизајнирана предна маска, а предницата добива и нов преден браник и дискретно редизајнирани предни светла. На задниот дел препознаваме редизајнирана графика кај задните светлосни групи и уште неколку ситни детали. Designo дивизијата овозможува уште повеќе опции за персонализација – како на пример новите специјални бои – Jupiter Red, Cashmere White Mango и Emerald Green.

Кога ќе ја отвориме вратата ќе забележиме нов управувач со двозонски сензори за рацете на возачот. Управувачот може да биде обвиен во супер-квалитетна и мека Nappa кожа, а Designo овозможува и дополнителна персонализација на кабината со двобојни комбинации во ентериерот.

Понудата на погонски единици ја сочинуваат три турбо-дизелски мотори, како и три турбо-бензински погонски единици. Понудата на дизелите започнува со нов, 1.9-литарски четири-цилиндерски турбодизел кој испорачува 194 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон задните тркала преку автоматски менувач. Оваа верзија ќче ја носи ознаката CLS 220d, додека скалило погоре е 2-литарскиот CLS 300d, кој испорачува 265 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Оваа верзија силата ја пренесува преку сите четири тркала, исто како и врвниот турбодизел кој ја носи онакатa CLS400d. Оваа верзија користи линиски 6-цилиндерски мотор кој испорачува моќни 330 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

Боите на бензинците ќе ги бранат CLS 350 кој има 2-литарски турбо-бензинец со 299 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Оваа верзија ја испорачува силата кон задните тркала, додека другите бензинци го прават тоа кон сите четири тркала. Овие верзии ги носат ознаките CLS 450 и CLS 53. Послабиот испорачува 367 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, додека помоќниот испорачува 435 коњски сили и 520 Nm вртежен момент. Најмоќната верзија забрзува до 100 километри на час за само 4.5 секунди.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Електричниот Mercedes-Benz G-Class го има сиот вртежен момент на светот!

Од Mercedes-Benz најавуваат дека продажбата ќе започне наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.