ПРЕМИЕРА: Jeep го претстави освежениот Compass! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Jeep го претстави освежениот Compass!

Супер-популарниот Compass денес го доби своето темелно освежување – и добива нови верзии, нови технологии и надградена Trailhawk верзија за врвни теренски авантури!

Освежениот Compass е особено важен за Jeep – не само што е првиот лансиран Jeep во Европа под капата на Stellantis, туку и од неодамна, Compass се произведува во фабриката во Мелфи, Италија. Кога на сето тоа ќе додадеме дека во Европа, Compass има учество од 40% во целокупната продажба на брендот, а еден од четири примероци на Compass се плаг-ин хибридната изведба, тогаш станува јасно дека Jeep му посвети многу, многу внимание на овој SUV.

Compass добива затегнат екстериер – со редизајнирани предни и задни браници, нови светлосни групи и грст интересни Jeep дизајнерски елементи. На предниот дел препознаваме Full-LED нови светла, за кои од Jeep кажуваат дека се екстремно моќни. Задниот дел добива редизајнирани светлосни групи со изменета и подлабока графика, а достапни се и нови бои, како и нови дизајни за алуминиумските тркала.

Кабината станува целосно wireless и целосно-дигитална. Пред возачот се поставени нови дигитални инструменти со неколку различни модови на работа, а на централната конзола е поставен целосно-новиот Uconnect 5 мултимедијален систем, кој е најнајпредниот инфозабавен уред некогаш поставен во Jeep. Дополнително, Compass добива и Highway Assist систем за автономно возење од второ ниво.

Со лансирањето на освежениот Compass, Jeep лансира и неколку засебни верзии на популарниот SUV. На самиот врв на понудата ќе биде новиот Jeep Compass S, каде главниот акцент е даден на софистицираноста и комфорот. Trailhawk е специфичо подготвен за теренски авантури, додека специјалниот 80th Anniversary модел е наменет за да го прослави јубилејот на легендарниот американски бренд.

Поврзано:   ТЕСТ: Jeep Avenger 1.2 T3 100 MT6 Altitude - Градски фраер!

Секако, Compass и понатаму ќе биде достапен со супер-модерни и супер-ефикасни погонски единици. Оние кои сакаат турбодизел ќе можат да го изберат 1.6-литарскиот Multijet II кој испорачува 130 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе може да се нарача со шест-степен мануелен менувач и погон на предние тркала. Гамата на бензинци го вклучува 1.3-литарскиот GSE турбо-бензинец со 130 коњски сили и 270 Nm вртежен момент во комбинација со шест-степен мануелен менувач, или пак истиот мотор но со 150 коњски сили и 270 Nm вртежен момент во комбинација со автоматски менувач со двојна спојка. Турбо-бензинците се нудат само со погон на предните тркала.

Оние кои сакаат погон на сите четири тркала ќе го одберат плаг-ин хибридниот Compass 4xe. Плаг-ин хибридниот Compass може да се добие во две комбинации – со 190 или 240 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Овој Compass добива шест-брзински автоматски менувач и напреден плаг-ин хибриден погон кој вклучува батерија со капацитет од 11.4 kWh. Ние веќе го возевме плаг-ин хибридниот Compass и бевме навистина импресионирани од супер-модерниот SUV – нашиот тест можете да го прочитате тука.

Плаг-ин хибридните модели се супер-ефикасни и поминуваат нешто помалку од 50 километри на електрична енергија. Ниту перформансите не се за занемарување – плаг-ин хибридниот Compass забрзува до 100 километри на час за 7.5 секунди, може да вози до 130 километри на час на електрична енергија, односно да постигне максимална брзина од 200 километри на час.

Со сето ова, Jeep уште повеќе го приближува Compass до вкусовите на европските купувачи. Модерниот дизајн и модерните технологии, како и легендарниот бренд го прават Jeep Compass навистина привлечен!

Поврзано:   ТЕСТ: Jeep Avenger 1.2 T3 100 MT6 Altitude - Градски фраер!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.