MINI Electric Pacesetter ја најавува електричната иднина на JCW – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MINI Electric Pacesetter ја најавува електричната иднина на JCW

MINI го претстави моделот Electric Pacesetter, кој ќе биде новото безбедносно возило во Formula E шампионатот.

Создаден во соработка со BMW Motorsport, Formula E и FIA, безбедносниот автомобил е специјално направен за тркачката патека и ќе дебитира на трката во Рим на 10ти Април.

Electric Pacesetter изгледа значително поагресивно од Cooper SE и се одликува со бодикит инспириран од најсилната JCW изведба, кој доаѓа со поиздадени крила, спортски странични прагови и преден сплитер.

Сите елементи се направени со 3Д печатење од рециклирани карбонски влакна. Останатите елементи се целосно затворена предна решетка, изразени отвори за довод на воздух кон сопирачките и двобојни 18-инчни фелни.

На задниот дел се забележуваат масивен дифузер и голем кровен спојлер со монтиран светлечки уред. Дизајнерите го обоиле моделот во мат сребрена боја и го украсиле со телно сива сјајна фолија со шари во портокалови и црвени елементи.

Што се однесува до перформансите, електричниот погон произведува 184 кс и 280 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на малиот компакт да забрза од 0-100 км/ч за 6.7 секунди.

Тоа не се многу возбудливи бројки, но безбедносниот автомобил е опремен со напредна суспензија која нуди три-насочно прилагодување на одбој, компресија, височина и нагиб. Исто така има поширог траг на тркалата и четири-клипни сопирачки преземени од JCW GP.

Иако Electric Pacesetter нема да биде пуштен во производство, MINI најави дека тој ја прикажува една од насоките во која компанијата ќе ја воведе електрификацијата на моделите JCW.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.