Наскоро стапуваат на сила новите ознаки за пневматици – еве што треба да знаете – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро стапуваат на сила новите ознаки за пневматици – еве што треба да знаете

Од Мај оваа година, на сила ќе стапат новите ознаки на пневматиците кои се дизајнирани на потрошувачите да им дадат повеќе информации. Но што всушност значат новите ознаки и што треба да знаете?

На новата ознака класите од А до С остануваат непроменети. За пневматиците C1 и C2 (за автомобили, односно за ванови) пневматиците кои претходно биле во класата Е за отпорност при тркалање и прилегнување на влажни патишта сега ќе бидат доделени во класата D, која претходно била празна, а пневматиците што претходно биле во класите F и G ќе бидат доделени во класата E. На овој начин ознаката е појасна и полесно се толкува.

Натамошни информации за секој пневматик потрошувачите може да преземат со скенирање на QR кодот што се појавува во горниот десен агол од ознаката на пневматикот. QR кодот овозможува врска со базата на податоци на Европскиот регистар на производи за енергетско означување (EPREL), која содржи информативен лист за производот. Во неа се содржани сите вредности на ознаката за конкретниот пневматик, како и почеток и крај на производството за соодветниот модел. Сите листови со информации за производите се внесуваат во базата на податоци EPREL индивидуално од производителот на пневматиците. Како и во минатото, доделувањето на соодветна класа ознаки, исто така го врши соодветниот производител.

Новата ознака на ЕУ за пневматици е дизајнирана да им помогне на потрошувачите да изберат поефикасни пневматици од аспект на горивото, а истовремено добиваат информации и за растојанијата за сопирање. За крајните корисници, како и за комерцијалните оператори, изборот на пневматици со помала отпорност на тркалање може да доведе до значителни заштеди во однос на трошоците за гориво, како и пониски емисии. Јасните информации за прилегнување на влажни патишта може да овозможат поголема безбедност во сообраќајот, а информациите за бучавата при поминување имаат цел да го намалат загадувањето со бучава што го создава патниот сообраќај.

Continental – како експерт за пневматици – им помага на комерцијалните партнери на пазарот да го добијат најдобриот можен увид во светот на пневматиците. Со споделувањето не само на информации туку и на know-how и експертиза, компанијата базирана врз технологијата со седиште во Германија, најпозната по своите премиум пневматици е сигурен партнер на пазарот. За новата ЕУ-ознака за пневматици компанијата, меѓу другото, изработи и наменска рекламна страница со сите дополнителни информации, која можете да ја посетите тука.

Извор: Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.