ПРЕМИЕРА: Новиот Bentley Continental GT Speed има 650 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Bentley Continental GT Speed има 650 коњски сили!

Новиот Bentley Continental GT Speed има моќен W12, но и усовршена шасија за да може да понуди уживање и кога ќе пристигна свиоците.

Големиот 6-литарски твин-турбо W12 испорачува 650 коњски сили и 900 Nm вртежен момент. Сосоем доволно за луксузното купе да забрза до 100 километри на час за 3.6 секунди и да постигне максимални 335 километри на час. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а задолжени за запирање на Conti GT SPeed се нови карбон-керамички сопирачки.

Дополнително, Continental GT Speed добива и систем за управување на задните тркала, како и е-диференцијал. Овие системи му овозможуваат на скоро 2.5 тони тешкиот GT Speed да биде исклучително маневрабилен и да понуди забава и во свиоци, а не само на транс-континетални патувања. Од Bentley кажуваат дека системот е исклучително активен, а дека новиот диференцијал го подобрува влегувањето во свиоци. Дополнително, напоменуваат дека кога ќе ја исклучите контролата за стабилност, тогаш Bentley Continental GT Speed е подготвен и да заигра со задниот дел.

Визуелните измени се прилично дискретни – затемнети се предните решетки, редизајнирани се страничните прагови и додадени се Speed значки. Сликата ја заокружуваат нови 22-инчни тркала во светла или темна боја. Кабината добива врвни материјали, Speed значки и нови декоративни елементи од алуминиум.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.