Audi ќе престане со развојот на нови мотори со внатрешно согорување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi ќе престане со развојот на нови мотори со внатрешно согорување

Производителот Audi ќе го прекине развојот на целосно нови погонски единици поради се построгите еколошки норми.

Според Извршниот директор на Audi – Маркус Дуесман, придобивките од нови мотори со внатрешно согорување веќе не ги надминуваат трошоците за нивно развивање. Поради тоа, компанијата ќе се посвети велосно на развивање на алтернативни погонски единици.

Дуесман исто така изјави дека Audi ќе продолжи да ги развива веќе постоечките агрегати, со цел што е можно подолго да ги одржи во согласност со прописите за издувни гасови. Според него – „Еуро 7 емисионите стандарди се огромен предизвик, а истовремено обезбедуваат многу мали придобивки за животната средина. Покрај тоа, му носат екстремни рестрикции на моторот со внатрешно согорување“.

Ова не значи дека моторите со внатрешно согорување ќе бидат отстранети од понуда. Постојат многу региони со помалку развиени мрежи на полнење од Европа, па затоа Audi најверојатно ќе продолжи да ги продава таму откако ќе прекине да ги продава во домашната земја.

Што се однесува до алтернативните погонски единици, Audi планира да понуди цела гама од 20 чисто елекрични модели до 2025 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.