full screen background image
Search

Alfa Romeo и Lancia ќе добијат големи инвестиции во рамките на Stellantis

Stellantis ќе се обиде да ја подобри гамата на брендовите Alfa Romeo и Lancia преку планови и инвестиции.

Веднаш штом Stellantis групацијата беше официјално основана во Јануари, се појавија повеќе гласини за иднината на нејзините 14-те брендови добиени од спојувањето на PSA и FCA.

Во ново интервју, претседателот на групацијата – Џон Елкан изјави дека двата Италијански брендови ќе добијат поголеми можности под капата на Stellantis одколку што имале под старата групација Fiat Chrysler Automobiles.

Елкан беше клучен член во успехот на спојувањето на FCA и PSA, што ја направи новата групација четврт најголем производител по волумен и трет најголем по приход. Под Stellantis, и двата производители од Торино ќе добијат поголеми инвестиции.

Ова не е прв пат да слушаме како Stellantis сака да инвестира повеќе во брендовите како Alfa Romeo. На почетокот од месецов, групацијата потврди дека ги откажува плановите да го реактивира Peugeot во Северна Америка, со цел да се посвети повеќе на постоечките брендови во регионот – како Alfa Romeo и Chrysler.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.