ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави Enyaq Sportline iV! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави Enyaq Sportline iV!

Новиот Enyaq iV кој може да помине повеќе од 520 километри со едно полнење на батериите добива специјална Sportline изведба со пониска суспензија и спортски детали.

Електричниот SUV на Škoda добива своја Sportline изведба. Чешкиот бренд ја воведува својата добро-позната Sportline варијанта и кај новиот Enyaq iV. Новата, Sportline изведба вклучува пониска спортска шасија, поголеми тркала и црни детали на екстериерот, како и подинамична кабина.

Enyaq Sportline iV ќе биде достапен во три различни погонски изведби – Enyaq iV 60 и Enyaq iV 80 кои се со погон на задните тркала, како и Enyaq iv 80x кој комбинира два електромотори и има погон на сите четири тркала. Рекордер во автономијата е Enyaq iV 80 со погон на задните тркала кој има батерија со капацитет од 82 kWh и кој според WLTP тестирањата може да помине повеќе од 520 километри.

Sportline елементите му даваат на Enyaq iV нагласено подинамичен лик – предната маска, рамките на прозорците, кровните носачи и задниот дифузер се во црна боја, исто како и Skoda ознаката на задната врата. Страничните прагови се во боја на каросеријата, а Enyaq Sportline iV ќе доаѓа со засебен преден браник и значки на крилата. Дополнително, ќе може да се комбинира со 20 или 21-инчни тркала, а стандардно ќе доаѓа со LED Matrix предни светла.

Кабината добива примарно црни материјали – централната конзола е обвиена во црна кожа со сиви шевови а добива и карбонски детали. Дополнително, Enyaq Sportline iV добива и црни спортски седишта со интегрирани наслони за главата. Седиштата се обвиени во Suedia микрофибер и добиваат контрастни шевови, а кабината добива и специјален мултифункционален спортски управувач. Сликата за спортскиот SUV ја заокружуваат алуминиумските педали.

Поврзано:   Македонска премиера на освежените Škoda Scala и Kamiq


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.