ПРЕМИЕРА: e-Rifter ја продолжува електрификацијата на Peugeot – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: e-Rifter ја продолжува електрификацијата на Peugeot

Peugeot продолжува со стратегијата за електрификација, а најновиот модел кој добива целосно-електрична изведба е токму повеќенаменскиот и супер-практичен Rifter!

Peugeot Rifter ни е особено интересен – ваквите супер-практични повеќенаменски возила се одлична алтернатива за оние со подинамичен животен стил кои сакаат да одберат нешто друго наместо конвенционален SUV. Токму затоа, Peugeot денес го претстави и новиот e-Rifter.

Исто како и неговиот конвенционален брат, и електричниот е-Rifter ги добива сите можности за персонализација и конфигурација. Ќе биде достапен во две должини со простор за дури 7 патници и со багажник кој нуди дури 1050 литри капацитет. Го добива и сите нови технологии на Peugeot – од новиот i-Cockpit, па сè до технологиите за полу-автономно возење и слично.

Задолжен за задвижување на е-Rifter е електромотор кој испорачува 136 коњски сили и 260 Nm вртежен момент. Силата ја добива од батерија со капацитет од 50 kWh, а сето ова овозможува забрзување до 100 километри на час за 11.2 секунди и максимална брзина од 135 километри на час. Според официјалните WLTP мерења, e-Rifter има автономија од 275 километри.

Стандардно ќе доаѓа со полнач со моќност од 7.4 kW, а може да се добие со 3-фазен полнач со моќност од 11 kW. Полнењето со стандардниот полнач трае околу 7.5 часа, додека со помоќниот само 5 часа. Доколку имате пристап до доволно моќен DC полнач, капацитетот е до 100 kW,  батеријата ќе се наполни од 0 до 80% за само 30 минути.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.