Mazda започнува со производство на мотори со шест цилиндри во 2022 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda започнува со производство на мотори со шест цилиндри во 2022

Јапонскиот бренд ќе започне да произведува автомобили со заден погон и шест цилиндри во линија на почетокот на 2022 година.

Во последните неколку години кружеа гласини дека Mazda често е главно фокусирана на две нови нешта – враќањето на ротари моторот и лансирање на шест цилиндарски агрегати. Веќе беше познато дека реинкарнацијата на ротари моторот ќе се случи во 2022 година, но започнувањето на производството на агрегатите со шест цилиндри во линија беше мистерија се до овој момент, кога новиот Nikkei Asia извештај го откри неговото стартување на производство на почетокот на 2022.

Според извори на Nikkei, новите возила со овој агрегат ќе започнат да се произведуваат во фабриката Хофу, Јамагучи. Истите ќе бидат понудени во гас, дизел и Skyactiv-X варијанти  ќе бидат усогласени со погон на задните тркала.

Според извештајот, Mazda развива неколку различни типови на нови модели, во кои спаѓаат и поголеми кросовери. Два од нив ќе ги наследат моделите CX-5 и CX-8, а се шпекулира и дека следната генерација на CX-5 ќе биде преименувана во CX-50 и ќе се префрли во премиум сегментот, со што ќе се натпреварува со BMW и Mercedes. Под поклопецот на моделот ќе се најдат новите шест-цилиндарски агрегати со зафатнини од по 3.0 и 3.3 литри.

Mazda е мал производител во брзо променлива индустрија. Нивните продажби се постојани во последната декада, со намалување од само 0.2 проценти во 2020 споредено со 2019. Сепак, конкуренцијата станува се пожестока и Mazda се обидува да одговори на тоа. Претставувањето на новите мотори со шест цилиндри во линија и задниот погон го најавуваат промената на филозофијата на компанијата кон поспортско и подинамично возење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.