Пристигна трендовскиот Kia Stonic GT-Line! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна трендовскиот Kia Stonic GT-Line!

Во салонот на Kia Motors Macedonia пристигна трендовската, целосно-опремена GT-Line изведба на Stonic.

GT-Line е врвната изведба на Stonic. Надворешниот дизајн е инспириран од моќните GT модели на Kia – Stinger, Ceed GT и ProCeed GT. Предниот браник е со интегрирани LED светла за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја. Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот.

Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Надворешниот дел го комплетираат Stonic GT Line,17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба.

Исто како и екстериерот, и ентериерот добива уникатни додатоци. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, понатаму во внатрешноста се наоѓа и различен волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно.

Во центарот на контролната табла се наоѓа голем 8 инчен инфо-забавен систем со екран на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Поврзано:  Македонска премиера на новиот Kia Sorento

Моделот достапен во салонот на Kia Motors Macedonia, e опремен со 1.0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1500-4000 вртежи, кои ги пренесува кон предните тркала преку 7-степен DCT автоматски менувач.

Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија во салонот на Kia Motors Macedonia чини 21.200 евра.

Извор: PR Kia Motors Macedonia



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.