MINI подготви освежување за скоро целата гама на модели. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MINI подготви освежување за скоро целата гама на модели.

MINI ги претстави освежувањата за моделите со три и пет врати, како и MINI Convertible.

Сите модели добиваат темелно ревидирана предна маска која сега има додаток кој е во боја на каросеријата. Дополнително, сите модели добиваат и нови LED светла со вградено светло за осветлување во отежнати услови (како на пример во магла), како и ревидиран браник со нови отвори за воздух. Сите модели имаат и редизајнирани крила околу тркалата, нови странични трепкачи, како и редизајнирани задни браници и оние кул светлата во облик на британското знаме.

Достапни се три нови бои за екстериерот – Island Blue Metallic, Rooftop Grey Metallic и Zesty Yellow, како и нова опција за кров во повеќе нијанси. Покрај новите бои, добива и нови опции за алуминиумски фелни – и оние со четири краци на синиот електричен Cooper SE ни изгледаат одлично. Алуминиумските тркала претставени на сивиот Cooper S – не баш.

Многу внимание е посветено и на ентериерот – па сега е достапен целосно-нов дигитален панел со инструменти (сличен на оној кој го имаше електричниот MINI Cooper SE кој го возевме минатата година), но ќе добиеме и нови прекинувачи, нов управувач, целосно нов мултимедијален уред, нови материјали и текстури и многу, многу повеќе.

Кога сме кај Cooper SE, MINI го најави MINI Electric Collection 2021 за кој кажуваат дека е специјална, прогресивна едиција на Mini Cooper SE. Се надеваме дека наскоро ќе биде претставен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.