Hyundai го претстави подинамичниот Tucson N Line – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai го претстави подинамичниот Tucson N Line

Tucson N Line ќе биде лансиран оваа пролет – и на новиот корејски SUV му носи дополнителна доза на спортска динамичност.

Измените кај Tucson N Line се воглавно козметички – започнуваат со ревидирана предна маска која е повисока и поширока и со редизајнирани рабови, спортски преден браник со подлабоки и поголеми отвори за воздух, а продолжуваат со заштитни панели во боја на каросеријата, поголем заден спојлер, нов заден браник со интегриран дифузер и уште неколку други ситници. Забележуваме и двоен завршеток на издувниот систем, како и неколку детали во црна боја.

Спортската приказна продолжува во кабината – добиваме спортски седишта со црвени шевови, N спортски управувач, алуминиумски педали и црн тапацир на кровот. Tucson N Line ќе биде достапен во седум различни бои, пет од кои ќе можат да се комбинираат со црн кров.

Tucson N Line ќе може да се добие со неколку различни погонски конфигурации – па во игра се 1.6-литарскиот турбодизел со 136 коњски сили, како и турбо-бензинците со 150 или 180 коњски сили. Сепак, сметаме дека најинтересната конфигурација ќе биде токму плаг-ин хибридната со вкупно 265 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.