Сите брендови под капата на Stellantis ќе добијат нова шанса за успех – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сите брендови под капата на Stellantis ќе добијат нова шанса за успех

Stellantis ја препознава високата вредност и богатата историја на иконските брендови – и поради тоа планира да им даде нова шанса за успех на сите 14 производители.

Спојувањето на PSA групацијата и Fiat Chrysler Automobiles во Stellantis постави вкупно 14 брендови во една единствена корпорација. Секако, и двете страни очекуваат дека ќе следат намалувања на трошоците, но и дека тоа нема да биде направено со гасење на некој од брендовите.

Извршниот директор на Stellantis – Carlos Tavares – изјави дека на секој бренд под новата организација ќе му биде дадена шанса за успех. Според Tavares, Stellantis ќе ги поддржи брендовите и нивните фабрики со инвестирање во нови продукти, со што ќе им даде можност „да одскокнат“ додека компанијата истражува побезболни начини да заштеди пари.

Ова ги одговара прашањата за иднината на некои од понепрофитабилните брендови како Chrysler и Lancia, кои се во своевидно стагнирање. Во спојувањето, Stellantis најави дека ќе ги распореди 14-те брендови кои ги контролира во различни класи врз основа на нивната позиција на пазарот, а веќе ја постави Lancia во истата премиум категорија со Alfa Romeo и DS. Истовремено го назначи досегашниот извршен директор на Peugeot – Jean-Phillipe Imparato на чело на Alfa Romeo.

Тоа јасно кажува дека компаниите нема да продолжат да функционираат како што функционирале досега. Tavares изјави дека компанијата ќе стане „попаметна и поефикасна“, но не кажа што тоа конкретно значи. Stellantis исто така го преиспитува и настапувањето на пазарот во Кина, кое ќе биде клучен фокус на производителот во иднината бидејќи и FCA и PSA претрпеа намалување на продажбите во земјата.

Бидејќи Stellantis контролира 14 брендови, лесно се забележуваат сегменти во кои има преклопување помеѓу брендовите, а тоа е уште една област во која ќе треба да се најде идеално решение во наредните месеци. Покрај тоа, спојувањето го стави планот за враќање на Peugeot во САД во 2023 година во неизвесност.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.