ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави комерцијалниот ë-Berlingo Van! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави комерцијалниот ë-Berlingo Van!

Пред само неколку моменти, францускиот бренд ја претстави електричната изведба на супер-популарниот Berlingo!

„Citroën Berlingo Van ги поставува стандардите во сегментот на мали комерцијални возила. Тој е познат по неговата практичност, која пак овозможи навистина многу иновативност. Со применување на најдобрите аспекти на електричната технологија, сега на професионалците им нуди уште потивка работа. Со ë-Berlingo Van, тие ќе најдат идеален партнер за дневните мисии, и сето тоа ќе го добијат во ненадминат комфор со голема слобода на движењето и контрола на оперативните трошоци – но без никакви комромиси во однос на товарот и волумент кој ова возило може да го пренесе.“ – изјави Vincent Cobee, управниот директор на Citroën.

Според WLTP мерењата, Citroën ë-Berlingo Van може да помине до 275 километри со едно полнење на батериите. ë-Berlingo Van и понатаму ќе биде достапен во четири каросериски изведби, со максимален товар до 4.4 кубни метри и можност за пренесување до 800 килограми. Секако, ë-Berlingo Van е поврзан со MyCitroen апликацијата, која овозможува далечинско контролирање на полнењето на батериите, a преку Free2Move апликацијата има пристап до повеќе од 220.000 полначи ширум Европа!

Citroen обезбедува гаранција од 8 години, односно 160.000 километри за батериите, и гарантира дека по истекот на гарантниот период тие ќе имаат најмалку 70% од капацитетот. Батеријата ќе се проверува и ќе добива сертификат на секој направен редовен сервис на возилото. ë-Berlingo Van ќе се нуди во две големини – M (со должина од 4.4 метри) и XL (со должина од 4.75 метри). Во зависност од изведбата, во кабината може да се сместат предмети долги до 3.09, односно 3.44 метри. Во кабината собира две еуро-палети една зад друга.

Дополнително, ë-Berlingo Van добива и нови технологии – како што се хед-ап дисплеј, како и нов 10-инчен дигитален пад со висока резолција. ë-Berlingo Van нуди три режими на возење – Normal, Eco и Power. Нормал режимот нуди идеален компромис меѓу автономијата и динамичноста, и нуди 80 kW и 180 Nm вртежен момент. Eco режимот е наменет да ја максимизира автономијата и нуди 60 kW и 190 Nm, и го намалува клима-уредот. На самиот врв е Power режимот кој нуди 100 kW и 260 Nm, Power режимот е всушност наменет да се користи при максимална оптовареност.

Поврзано:  Stellantis ја лансира новата гама на Smart Compact Van комерцијални возила

Во зависност од моќноста на полначот, батеријата ќе се полни за 15 часа. Со брз домашен полнач батериите ќе бидат наполнети за 7 и 30 минути, додека со пристап до супер-брз јавен полнач, батериите може да се наполнат до 80% за само 30 минути.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.