Германската тјунинг компанија создаде агресивен бодикит за спорсткиот Hyundai i30 N, кој го прави да изгледа како да е поготвен да нападне на WTCC.
Бодикитот за спортскиот компакт со погон на предните тркала е направен од фиберглас-DuraFlex, и е наменет за верзијата пред освежувањето на актуелната генерација.
Пакетот вклучува нов преден сплитер, странични додатоци на предниот браник, крилата и задниот браник, поинаков дифузер и поагресивен кровен спојлер. Дизајнот го комплетираат новите тркала со повеќе краци, како и специјалните налепници.
Иако овие модификации нема да го направат спортскиот i30 N уште побрз, серискиот модел веќе нуди многу достојни перфоманси, така што во Performance Package изведбата нуди 275 кс и 353 Nm при 1,450-4,700 вртежи во минута или 378 Nm во Overboost.
Цената на пакетот е прилично „солена“ – во Германија e понуден за 3,999 евра.