Kia на спектакуларен начин го претстави новото лого! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia на спектакуларен начин го претстави новото лого!

Корејскиот бренд го претстави новото лого и ја најави својата нова стратегија за лансирање на електрични возила и услуги за мобилност.

Kia искористи рекорден број на дронови – дури 303 специлани „пиро-дронови“ беа искористени за да се промовира новото лого на небото над Инчеон во Јужна Кореја.

Од Kia кажуваат дека новото лого користи симетрија, ритам и издигнувачки елементи, кои пак ги претставуваат амбициите на брендот да преземе водечка позиција во индустриите на иднината. Дополнително, со новото лого, Kia се одново се открива самата себеси и ќе посвети внимание на лансирање на електрични возила, како и услуги за мобилност.

Хо Сунг Сонг, претседателот и извршниот директор на Kia изјави дека „Новото лого на Kia ја претставува посветеноста на компанијата да стане икона на промените и иновативноста.“ Дополнително, Kia го претстави и новиот слоган – стариот, и добро познат слоган „The Power to Surprise“ заминува во пензија, а на неговото место доаѓа „Movement that Inspires“.

Kia веќе најави дека следната седмица ќе ја промовира и официјалната нова стратегија на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.