Американскиот бренд ги собра на едно место глумците од филмот „National Lampoon’s Christmas Vacation“ со цел да ја промовира секундарната функција на Mustang Mach-E.
Видеото ја рекреира сцената од споменатиот филм, во која Кларк ги повикува сите пред куќата да сведочат на палењето на илјадниците сијалички со кои тој ја украсил куќата.
Исто како во филмот, поради негостиг на електрична енергија сијаличките нема да се запалат. Сепак, за разлика од него, тука доаѓа на помош новиот електричен модел, кој ја спасува ситуацијата.
Што точно се случува погледнете во видеото подолу: