Новиот Citroën C4 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Citroën C4 пристигна во Македонија!

Најновиот модел во понудата на Citroën – целосно-новиот C4 – од денес е достапен и на македонскиот пазар!

Citroën го претстави новиот C4 пред само неколку месеци, а од денес новиот модел на францускиот бренд е достапен и кај нас. Целосно-новиот C4 е поставен на CMP платформата, а тоа му овозможува на Citroën веднаш да го понуди со конвенционални, бензински и дизелски мотори, или пак со напреден, електричен погон. Електричниот погон е со моќност од 100 kW, односно 136 коњски сили и според WLTP мерењата може да понуди автономија од 350 километри со едно полнење.

Како што веќе пишувавме, со новиот C4, францускиот производител сака да постави нови стандарди кога станува збор за комфорот – па C4 ги добива сите Citroën Advanced Comfort технологии – тука се прогресивните перничиња кои се дел од суспензијата и супер-комфорните седишта со нови материјали. Но комфорот има и нова димензија – односно просторната понуда на C4 – како на предната, така и на задната клупа, но и во багажникот.

Инаку, исто како и екстериерот, и ентериерот е целосно нов, а кабината е темелно модернизирана. На централната конзола едноставно доминира голееемиот централно-поставен мултимедијален уред, а под него се контролите за клима уредот.

Пред возачот е поставен дигитален панел со инструменти, а дури и на прв контакт препознаваме дека во кабината главниот акцент е даден на мирот и комфорот. Дополнително, пред возачот е поставен и хед-ап дисплеј на кој се прикажуваат главните информации за возењето.

Набргу ќе бидат објавени и цените, а ние се надеваме дека и самите наскоро ќе имаме можност подобро да го запознаеме новиот Citroën C4!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.