ABT го засили новиот Audi S3 на 365 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го засили новиот Audi S3 на 365 коњски сили!

Додека сме во исчекување на новата најсилна RS3 изведба од актуелната генерација на моделот A3, тјунинг компанијата ABT го претстави нивниот пакет засилувања за спортската изведба S3.

Инженерите на Германскиот тјунер го доработиле 2.0-литарскиот турбо-бензински агрегат со 306 кс и 400 Nm во стандардно издание, да развива 365 кс и 450 Nm вртежен момент. Иако сеуште не е на ниво да претставува замена за досегашниот модел RS3, сепак има доволно сила за да ја пополни празнината помеѓу двата спортски модели.

 

ABT не ги објавија бројките од придобивките во перформанси, кои се последица на дополнителните 60 кс и 50 Nm, но сигурни сме дека нивниот S3 е сериозно брз. Посебно кога ќе земеме во предвид дека стандардната верзија забрзува од 0-100 км/ч за 4.8 секунди кон електронски ограничената максимална брзина од 250 км/ч.

Покрај надградбите во срцето на S3, атлетскиот компактен автомобил добива и нови специјални црни 20-инчни фелни со дизајн со пет краци. Покрај нив, купувачите можат да си одберат и помали 19-инчни фелни во темна металик или мат црна боја. ABT развиле и издувен систем со четири цевки со дијаметар од 102 милиметри, од кои излегува повозбудлив звук.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.