Белата е најпопуларна боја за автомобили оваа година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Белата е најпопуларна боја за автомобили оваа година

Водечкиот глобален снабдувач за бои Axalta ја објави нивната анализа за побарувачките распоредени по бои и по региони.

Во актелната 2020-та година, повторно во најголем број биле продадени возила во неутрални бои. Иако понекогаш можат да изгледаат здодевно, тие се претежно полесни за одржување и најмногу ја задржуваат цената при препродажба.

Убедливо најбарана во целиот свет, со дури 38 проценти од продадените нови возила, е белата боја. На второто место е црната боја со учество од 19 процени, додека зад неа се најде сивата боја со 15 проценти од целата бројка. Сребрената боја стана помалку популарна со само 9 проценти со што падна на четврото место.

На Европскиот континент, белата и сивата боја ги окупираа првите две позиции со еднаков удел од 25 проценти, а зад нив се најдоа црната со 21 процент, сината со 10 проценти и сребрената боја со 9 проценти.

Во Северна Америка, најпопуларни бои на автомобили се белата со 30 проценти, црната со 19 провенти, сивата со 19 проценти и сребрената со 10 проценти.

Што се однесува до Азискиот континент, таму убедливо најпривлечна била белата боја, која со удел од 48 проценти ја одбрале речиси половина од купувачите на нови возила. На второто и третото место со значително помалку возила се најдоа црната боја со 18 проценти и сребрената со 8 проценти.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.