ПРЕМИЕРА: Lamborghini SC20 – Тркачки мега-автомобил од Squadra Corse! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini SC20 – Тркачки мега-автомобил од Squadra Corse!

Иако налудничавиот SC20 е замислен да се вози на тркачките патеки, сепак е целосно-легален и на отворениот асфалт – а напаѓа со 770 коњски сили!

Моторот на Lamborghini SC20 е базиран на добро-познатиот V12 на италијанскиот бренд – 6.5-литарскиот V12 е конфигуриран да испорачува 770 коњски сили при 8500 вртежи во минута и максимални 720 Nm вртежен момент при 6750 вртежи во минута. Врескачкиот V12 ја пренесува силата кон сите четири тркала преку напреден ISR менувач, а автомобилот има и централен електронски диференцијал. Задолжени за тракцијата се четири Pirelli PZero Corsa пневматици.

Карбонската конструкција на SC20 е специјално доработена од страна на инжинерите за аеродинамика на Lamborghini, а сето тоа е со цел да се обезбеди идеално движење на воздухот и врвни перформанси, но и возење без кров на повисоки брзини. SC20 влече инспирација и технички решенија од Huracan GT3 EVO и Essenza SCV12, а големиот заден спојлер има три позиции – Low, Medium и High Load.

Инаку, SC20 носи многу ексклузивни детали – од основната Bianco Fu бела боја, па понатаму Blu Cepheus сивите детали. Истата боја се користи и за детали во ентериерот, но таму добиваме и детали во црна и бела боја. Според Lamborghini, најважниот елемент во кабината е „голиот“ карбон кој се користи за централната конзола, задната преграда, вратите и управувачот. Дополнително, карбонски се и седиштата, а рачките на вратите се изработени од алуминиум, а неколку компоненти во ентериерот се добиени преку супер-напредно 3D-печатење.

На самиот крај да напоменеме – ако сакате SC20, не можете да го имате. Овој уникатен автомобил е направен по нарачка на специфичен купувач, и истовремено служи како манифестација на талентот и експертизата на дизајнерите и инженерите на Lamborghini.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Lamborghini Urus SE е плаг-ин хибриден супер-SUV со 800 коњски сили!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.