Peugeot претстави три нови ексклузивни часовници – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot претстави три нови ексклузивни часовници

Автомобилите и часовниците едноставно одат заедно, а по како дел од прославата на 210-годишнината на брендот, од Peugeot Design Lab пристигнаа три нови, луксузни часовници.

Францускиот бренд ги понуди часовниците „Armand, Since 1810“ за своите фанови. Тие претставуваат елегантен начин да ѝ оддадат почит на историјата на брендот, а Peugeot Design Lab целосно го дизајнираше есклузивниот надворешен изглед на часовниците.

Секој детаљ на овие часовници е прецизнo изработен, како што е името на Peugeot врежано на задниот дел од часовникот, ремчето oд плетен метал или ремчето од порабена кожа. Часовниците „Since 1810“ ја комплетираат истоимената колекција. Тие се достапни од денес на онлајн продавницата https://boutique.peugeot.com, за цена од 129 Евра, односно 149 Евра. Љубителите на историјата на Peugeot ќе можат со гордост да ги носат овие стилски часовници и да бидат дел од значителниот јубилеј на брендот.

Сигурни и робусни, тие имаат кварцно движење и се отпорни на вода до 50 метри. Овие часовници го носат името „Аrmand“, како почит кон основачот на индустриската автомобилска авантура на Peugeot. Дизајнот на часовниците истовремено оддава почит на историјата на брендот, големото искуство со работењето со челик, но истовремено го одразува стилот на најновите автомобили на францускиот бренд.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.