full screen background image
Search

Успешна сезона за Peugeot Sport Customer Racing!

Peugeot Sport Customer Racing ја заокружи тркачката сезона со две места на подиумот на последната рунда при TCR Europe во Jarama. Тоа беше викенд кој беше целосно во чекор со годината, каде – и покрај отежнатите услови поради пандемијата – натпреварувачите на Peugeot Sport продолжија да ја демонстрираат својата безгранична страст кон трките во име на брендот и да остварат одлични перформанси.

И покрај одложениот почеток на сезоната, Peugeot Sport одговори и соодветно се прилагоди на промената на околностите, овозможувајќи им на своите натпреварувачи од Rencontres Peugeot Sport да се вратат на патеката што е можно побрзо и безбедно. Водени од потребата за споделување, чувство за заедништво и забава на патеката, Rencontres Peugeot Sport се состоеше од преку сто автомобили кои учествуваа на трките во Дижон, кога серијата продолжи повторно во второто коло на Val de Vienne. Сето ова покажува дека невообичаените околности оваа година не ги нарушија принципите на удобност и спортска правичност што ги направија овие две рунди успешни во 2020 година.

Иако сезоната беше скратена, и беа откажани средбите во Nogaro и Magny-Cours, сепак испорача извонредна акција на теренот, што целосно го оправда доделувањето титули и награди. По завршувањето како вицешампион во 2019 година, Флоријан Бриже (JSB Compétition) ја заврши годината како севкупен победник на 208 Racing Cup, додека Вини Белтрамели (Ropars тркачки тим) преку четирите пласмани на подиумот што ги постигна минатата сезона да се најде на врвот на поредокот на јуниори.

Тиери Блез (New Team Compétition) се истакна во категоријата Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, AP Compétition (#123) со GPA го освои 208 Relais во генералниот пласман, Bresse Auto Racing (#239) ја освои категоријата Gentlemen Drivers. И на крај, Трофејот Peugeot Edurance го освои Bresse Auto Racing (#839) во делот 208 Racing Cup и Тимот Peugeot Poissy (#847) во класата 206 S16a.

Поврзано:   Пристигна плаг-ин хибридниот Peugeot 3008 Hybrid!

На европската сцена, Peugeot 308 TCR го истакна целиот спектар на својата конкурентност и разноликост. Почнувајќи од мошне конкурентниот TCR Europe, каде што во неколку наврати JSB Compétition и Team Clairet Sport се бореа против елитата на европските автомобили трки. Вкупно пет места на подиумот им припаднаа на Jулиен Брише (една победа на трката, едно второ место и едно трето место) и Теди Клер (едно второ место и едно трето место), додека Стефан Вентаја го освои трофејот Yokohama во класата „Diamond“ доделена во Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, Мајкл Маркусен исто така блескаше во Peugeot 308 TCR на натпреварот TCR Данска освојуваќи три места на подиумот и завршувајќи на шестата позиција во генералниот пласман.

Olivier Fuet – менаџер на Peugeot Sport Circuit Customer Racing – изјави: „Направивме сè што можеме за нашите натпреварувачи да можат да се вратат во колосек по многу тешкиот почеток на годината за сите нас. Бевме воодушевени што видовме толку многу среќни натпреварувачи, полни со ентузијазам! Тие ја изразија натпреварувачката страст која сите нас не одликува и штом дозволи здравствената состојба, можевме да понудиме професионална организација и атмосфера. И за Peugeot 308 TCR и за Rencontres Peugeot Sport, работењето во оваа исклучителна сезона беше корисно за нашите тимови, и отвори можност за незаборавни искуства“.

Перформансите на Peugeot 308 TCR го привлекоа вниманието наоколу, каде со данскиот тим Brian Madsen Sport веќе потврди дека не помалку од пет автомобили ќе учествуваат на националниот TCR шампионат во 2021 година. Австралискиот тим Garry Rogers Motorsport подеднакво одлучи да го потврди учеството на локалното првенство во ТСR, одржувајќи ги трите автомобили во добра состојба за 2021 година.

Поврзано:   ВОЗЕВМЕ: Новиот Peugeot 308 во Франција - Лавот е крал!

Извор: Peugeot Motorsport



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.