full screen background image
Search

Top Gear го прогласи новиот Land Rover Defender за Car of the Year!

Новиот Land Rover Defender освои две признанија на Top Gear наградите – Car of the Year и Unstoppable Force.

Новиот Land Rover Defender е прогласен за „Автомобил на годината (Car of the Year)“, но ја освои и наградата „Незапирлива сила (Unstoppable Force)” на овогодинешните Top Gear Awards.

Нашите колеги од Top Gear го оценија новиот Defender за едно од најиздржливите возила на патиштата денес, брилијантен наследник на легендарниот Land Rover, како возило за 21-от век кој беспрекорно се прикажува насекаде.

Jack Rix, уредникот на Top Gear Magazine изакви дека „Наградата за автомобил на годината е признание кое оди кај најдобрите од најдобрите. Јасно ни е дека заменување една икона е тешка задача, но на која Land Rover го посвети потребното време за да ја заврши како што треба.“

За да се одбележи оваа пригода, Land Rover и Top Gear ги здружија силите за да го постават Defender на ултимативен тест за сила, поставувајќи 3 стандардни возила Defender на кран од 60 метри.

Инаку, и ние самите имавме можност одблизу да го запознаеме новиот Defender, кога пред неколку месеци го рецензиравме. Нашиот тест можете да го погледнете тука, а ние им честитаме на Land Rover за одличниот резултат!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.