full screen background image
Search

MINI работи на концепт за електричен Cooper JCW!

MINI се концентрира на развојот на електричната мобилност – а врв на таа понуда ќе биде електричен Cooper S под капата на John Cooper Works брендот!

Од MINI кажуваат дека идните архитектури на брендот ќе овозможат екстремни перформанси и вистинско уживање во возњето кои ќе бидат достапни со електричен погон, како и со мотор со внатрешно согорување.

„Со MINI Electric покажавме како уживањето во возењето и електричната мобилност може да бидат комбинирани“ – изјави Bernd Körber, кој е на челото на MINI, и додаде – „Сега е време да ја пренесеме страста кон перформансите на John Cooper Works брендот во електромобилноста. Затоа работиме да развиеме концепти за електрични John Cooper Works модели.“

Фокусот кој JCW го насочува кон развојот на MINI John Cooper Works Electric всушност директно покажува колку е важна електричната мобилност за идните насоки на брендот. Целта е да се овозможи мешавина од одржливост, перформанси и страст. Секако, потврдуваат дека JCW модели со конвенционални мотори и понатаму ќе имаат важна улога, но дека со електричните модели се одговара на желбите и потребите на ентузијастите ширум светот.

Ние неодамна го возевме електричниот MINI Cooper SE – и навистина ни се допадна. Со оглед на перформансите кои ги нуди, со нетрпение чекаме да видиме што ќе понуди MINI JCW Electric!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.