Porsche 906 Living Legend – Концепт за ретро инспириран тркачки автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 906 Living Legend – Концепт за ретро инспириран тркачки автомобил

Porsche ја претстави визијата 906 Living Legend, создадена во 2005, која е инспирирана од тркачкиот автомобил 906 од 1966 година.

Исто како и моделот од кого ја зема инспирацијата, така и концептот се одликува со многу низок преден дел, чија линија се издигнува над страничните крила, со цел да направи место за тркалата.

Формата на предните светла на историскиот автомобил е пренесена и на 906 Living Legend, но бидејќи модерните LED светла се многу помали, тука се вметнати и отвори за вентилација.

Карактеристичен дизајнерски елемент е поширокиот заден дел на каросеријата кој започнува од страничните прагови и се протега целосно позади вратите, па дури и над стаклената површина на кабината, со што овозможува доведување на голема количина свеж воздух кон моторот.

Задниот дел е минималистички уреден, со необични за брендот – вертикални LED светлечки ленти и заоблен завршеток на каросеријата. Ако погледнеме од поблиску, се забележуваат и отвори за вентилација од внатрешниот дел над задните тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.