Audi го најавува своето учество на Дакар релито! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го најавува своето учество на Дакар релито!

По одличните резултати во Formula E, Audi го најави својот електрифициран учесник за Дакар Релито во 2022!

Најавата од Audi е особено интересна, бидејќи најавуваат дека возилото всушнпост ќе има електричен погон, а ќе користи и „конвертор на енергија“ кој е всушност турбо-бензинец кој ќе генерира електрична енергија. Ова најавува дека Дакар-возилото на Audi всушност ќе го користи тој турбо-бензинец како „зголемувач на автономијата“ – односно нема да биде директно задолжен за задвижување на тркалата.

Од Audi кажуваат дека „целта е перманентно да се подобрат перформансите на електричниот погон и батериите во годините кои доаѓаат“ и дека „искуството кое ќе дојде низ овој процес ќе се искористи за понатамошен развој на идни модели во сериско производство.“

Дополнително, од Audi навестија и потенцијално враќање на Le Mans. Julius Seebach, управниот директор на Audi Sport GmbH изјавио дека „дополнително, разгледуваме и други терени во интернационалниот моторспорт, а со тоа ги имаме предвид и желбите на клиентите, но и идната стратегија која е цврсто фокусирана на електрификација и карбон-неутралност. Затоа се подготвуваме за влез во LMDh категоријата.“

LMDh е Le Mans Daytona hybrid и е всушност нова класа во Endurance трките. Според правилата, возилата треба да тежат најамлку 1030 килограми и да имаат моќност не поголема од 500 kW, односно 670 коњски сили. Оваа нова класа ќе започне со натпреварување во 2022.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.