ПРЕМИЕРА: Audi SQ5 Sportback е спортски купе-SUV со дизелско срце! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi SQ5 Sportback е спортски купе-SUV со дизелско срце!

Audi SQ5 Sportback го придвижува моќен 3-литарски TDI кој испорачува 340 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

Истиот мотор се наоѓа и во новиот SQ5, и исто како и таму, силата ја испорачува кон сите четири тркала преку автоматски менувач и quattro погон. Сето ова му овозможува на моќниот спортски купе-SUV да забрза до 100 километри на час за 5.1 секунда и да продолжи да забрзува сè до електронски-ограничените 250 километри на час.

SQ5 Sportback ќе го препознаете преку поагресивниот бреден браник со поголеми отвори за воздух, пониската суспензија, како и редизајнираниот заден браник со хромирани завршетоци на издувниот систем. Тука се и големите тркала, дискретниот заден спојлер и многуте ситни S-детали.

Кабината добива спортски седишта и грст други S-ситници. Генерално, нема премногу разлики во однос на стандардниот Q5 Sportback, но сепак има доволно за спортската верзија уште повеќе да се издвојува. Сепак, ние најверојатно би одбрале некоја друга боја.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.