Porsche Vision 916 Concept е визија за минималистичко спортско купе – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Vision 916 Concept е визија за минималистичко спортско купе

Германскиот бренд го објави концептот Vision 916, кој претставува електричен спортски автомобил инспириран од прототипот 916 од 1970те.

Главната идеја за создавањето на Vision 916 доаѓала од прашањето: колку минималистички дизајниран може да биде еден модел на Porsche, но сепак да остане атрактивен.

Како што сугерира името, покрај модерните дизајнерски елементи Vision 916 влече стилска инспирација од прототипот 916, кој никогаш не бил пуштен во производство. Серискиот 916 бил доразвиена изведба на 914 која го користела поголемиот шест-цилиндарски агрегат од 911.

Концептот бил креиран во 2016 година и поседува чисто-електричен погон со по еден електричен мотор позади секое тркало. Според зборовите на Porsche, комбинацијата на малата тежина со силата на четирите мотори е повеќе од доволно за да му овозможи на Vision 916 многу возбудливо возачко искуство.

Иако овој концепт е дел од концептите кои нема да доживеат сериско производство, голема е веројатноста да служи како испирација за некој иден мал електричен сериски модел на Porsche.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.