Утринска Гимнастика: Porsche постави рекорд за дрифт со електрично возило со Taycan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Porsche постави рекорд за дрифт со електрично возило со Taycan

Porsche Taycan постави Гинисов Рекорд за најдолг дрифт со електричен автомобил – за 55 минути помина малку над 42 километри со просечна брзина од 46 километри на час.

Рекордот беше поставен во Porsche Experience Центарот кој е дел од Hockenheimring, а зад управувачот беше Porsche Инструкторот Dennis Retera. Тој направи 210 кругови на 200-метри долгиот дрифт-круг и во ниту еден момент предните тркала не беа насочени во иста насока како кривината. Нему му беа потребни скоро 55 минути да помине нешто повеќе од 42 километри и го постави рекордот за најдолг дрифт со електричен автомобил.

На местото на настанот беше и Chris Harris од Top Gear, кој иако успеа да помине само 18-тина кругови, сепак еден краток период го имаше рекордот – за потоа рекордот да отиде во рацете на Dennis Retera.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.