Hyundai ја освежи електричната изведба на Kona – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai ја освежи електричната изведба на Kona

Корејскиот производител ја модернизираше Kona Electric со визуелни измени и технолошки надградби.

Однадвор, предниот дел е изменет со нови предни светлосни групи и дневни LED светла. Браникот е значително редизајниран и решетката има многу помали димензии, но е украсена со сатенски лајсни.

На задниот дел се забележуваат нови светла и изменет заден браник со ист тип на украсни детали. Како резултат на променетата форма на браниците, вкупната должина на новата Kona Electric е за 40 милиметри поголема во споредба со актуелната верзија.

Кросоверот ќе го погонува електричен мотор од 201 кс и 395 Nm вртежен момент, напојуван од пакет батерии од 64 киловат-часа, кој ќе нуди опсег од 484 километри според WLTP циклусот.

Полнењето на батеријата од 10 до 80 проценти преку полнач од 50 киловати ќе трае 64 минути. Со користење на полнач од 100 киловати, времето се намалува на 47 минути.

Исто како и многу други електрични возила, така и Kona Electric ќе располага со систем за регенерација на електрична енергија од системот за сопирање.

Освежувањата продолжуваат и во ентериерот, така што Корејскиот бренд вметнал 10.25-инчен дигитален инструмент панел, како и 10.25-инчен екран за мултимедија, а тука е и ново амбиентално осветлување.

Сите модели на Kona Electric ќе доаѓаат со цел асортиман на безбедносни системи. вклучувајќи предупредување за опасност во слепа точка, асистент за избегнување на судир при возење наназад и нанапред, детекција на велосипедисти, асистент за одржување во коловозна лента итн.

Обновената Hyundai Kona Electric ќе пристигне во преставништвата на Корејскиот производител наредната година, но цената сè уште не е објавена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.