Volvo исфрли автомобили од 30 метри висина во името на науката – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo исфрли автомобили од 30 метри висина во името на науката

Volvo исфрли целосно нови автомобили од кран во висина од 30 метри со цел да симулира екстремно сценарио, кое ќе служи за вежбање на службите за итна помош.

Тестовите беа направени во изолирана околина, а исфрлањето од висина симулирало ситуација на тешка сообраќајна незгода.

Бидејќи возилата на коишто овие служби досега го обавувале тренингот биле земени од отпадите и биле многу стари, ова сценарио било направено за да се вежба вадење на жртви од автомобили со модерна технологија.

Според Volvo, падот од оваа висина резултирал со многу повеќе штета од стандардниот краш тест. Сепак, тие истовремено успеале да ја прикажат безбедноста на нивните модели.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.