Nissan ја освежи големата Navara, ја претстави и авантуристичката Navara PRO-4X – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan ја освежи големата Navara, ја претстави и авантуристичката Navara PRO-4X

Популарниот модел на Nissan добива освежување, но и нова врвна изведба со поагреисвен и помоќен дизајн.

Освежената Navara добива нова предна маска на ладилникот, како и нови LED предни светлосни групи. Всушност, целиот преден дел е редизајниран, а задниот дел добива нови задни светла, редизајнирана е вратата за багажниот простор, а Navara добива и нови, поголеми пошироки крила околу тркалата.

Во однос на техничките подобрувања, задната оска е зајакната, па сега товарниот капацитет на Navara е зголемен – како во однос на волуменот, така и во однос на тежината која Navara може да ја пренесе. Подобрувања има и во системот за управување, па сега Navara е поманеврабилна и порафинирана.

Интересен новитет е новата Navara PRO-4X. Оваа изведба добива пакет кој е наменет за „оние кои ги сакаат авантурите и сакаат да избегаат од дневните рутини“. Navara PRO-4X добива порафинирана кабина со надграден мултимедијален уред, а сите верзии на Navara добиваат нови безбедносни системи и функционалности.

Во моментов Nissan не објавува дополнителни информации околу евентуалните новитети кај погонските единици, но се очекува Navara и понатаму да се нуди со робустниот 2.3-литарски турбодизел кој се нуди во неколку конфигурации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.