Škoda подготвува осветлен приклучок за безбедносниот појас – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda подготвува осветлен приклучок за безбедносниот појас

Чешкиот производител патентираше освелени приклучоци за безбедносните појаси.

Новите приклучоци за безбедносен појас нудат едноставно – и паметно – решение. Конвенционалните црвени копчиња се заменети со транспарентни, а тоа овозможува да бидат осветлени. LED диодите во различни бои овозможуваат и различно осветлување – па кога ќе ја отворите вратата, тие се прво бели, за кога ќе седнете на седиштето да станат црвени, а кога ќе го ставите појасот стануваат зелени.

Овој систем е практичен од повеќе аспекти – прво, ќе го олеснат ставањето на појасот кога е темно, а од Škoda истакнуваат дека оваа функционалност е особено практична за родителите со мали деца кои лесно ќе можат да видат дали се правилно ставени појасите.

Од Škoda кажуват дека „паметниот, осветлен приклучок за безбедносен појас е само еден од многуте иновативни решенија развиени токму во Škoda, и секоја година брендот регистрира многу патенти за идеи и системи кои ќе го направат животот побезбеден, полесен и попријатен.“

Škoda веќе има патент за овој систем, и не би биле изненадени доколку набрзо го видиме и во сериско производство.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.