full screen background image
Search

Што ако легендарниот Renault 5 добие модерна, електрична изведба?

Италијанскиот дизајнер Marco Maltese ја претстави својата визија за нов, електричен Renault Le 5!

Италијанскиот дизајнер успеал да ги реинтерпретира легендарните, класични линии на Renault 5 во нов, современ концепт кој се вика едноставно Le 5. Формата е веднаш препознатлива, но деталите се темелно модернизирани – од предните LED светла, преку аеро-оптимизираните тркала, па сè до задните вертикални светлосни групи – едноставно, мораме да признаеме дека Le 5 изгледа фантастично!

Забележуваме и кров во контрастна боја, камери наместо странични ретровизори и други интересни детали – како на пример малиот детал со француското знаме на Ц-столбот. За жал немаме фотографии од кабината, но сигурни сме дека и таа би добила темелна модернизација.

Секако, ова е само концепт и не е никаква најава за нов Renault 5 – но… Зошто да не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.