full screen background image
Search

Renault го освежи седанот Megane GranCoupe

Откако неодамна ги освежи другите модели во Megane гамата, францускиот бренд ги примени истите зафати и кај Megane GrandCoupe.

Со освежувањето, Megane GrandCoupe добива фул-ЛЕД предни и задни светла со темелно редизајнирана графика, а покрај тоа добива и редизајнирани браници, подобрена аеродинамика, нови тркала во димензии од 16 до 18 инчи, како и други ситни детали.

Кабината добива нов, 10.2-инчен панел со инструменти во кој е интегрирана и навигацијата. Централниот мултимедијален уред сега е со дијагонала од 9.3 инчи, а го добива најновиот Renault Link систем кој нуди гласовни команди, Google навигација, како и можност за Android Auto и Apple CarPlay функционалности. Понатаму, кабината добива и редизајниран управувач со команди, а некои контроли се подостапни. Може да се нарача и електронски-нагодливо возачко седиште, централен ретровизор без рамка…

Понудата на мотори се проширува – додаден е 1-литарскиот TCe турбо-бензинец со 115 коњски сили, а во понудата останува 1.3-литарскиот TCe со 140 коњски сили. Единствениот дизел во понудата е 1.5-литарскиот Blue dCi со 115 коњски сили. Основниот бензинец може да се добие само со мануелен менувач, додека помоќниот бензинец и турбодизелот можат да се комбинираат со 6-степен мануелен, или пак 7-брзински EDC менувач со двојна спојка.

Освежениот Megane GrandCoupe се очекува да пристигне на пазарот на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.