Хибридните изведби на Porsche Cayenne и Cayenne Coupe добиваат поголема батерија и зголемена автономија на електрична енергија. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридните изведби на Porsche Cayenne и Cayenne Coupe добиваат поголема батерија и зголемена автономија на електрична енергија.

Плаг-ин хибридните E-Hybrid изведби на Porsche Cayenne и Cayenne Coupe добиваат поголеми батерии, со што автономијата на електрична енергија се зголемува до 30 проценти.

Старата батерија која беше со капацитет од 14.1 kWh е заменета со нова, која сега е со капацитет од 17.9 kWh. Со ова, електричниот досег на Cayenne E-Hybrid изнесува 48 километри, а на моќниот Cayenne Turbo S E-Hybrid се зголемнува на 42 километри.

Интересно е што освен замената на батеријата, големите хибридни SUV модели на Porsche добиваат и рекалибриран софтвер за подобро полнење во движење, додека во Sport и Sport Plus режимите, полнењето во движење е минимално, со цел да се понудат подобри перформанси.

Како и досега, Cayenne E-Hybrid користи 3-литарски V6 во комбинација со електромотор за вкупна, системска моќност од 462 коњски сили, додека Cayenne Turbo S E-Hybrid комбинира моќен твин-турбо 4-литарски V8 со електромотор за вкупна моќност од 680 коњски сили.

Големите SUV модели на Porsche стануваат и уште поефикасни, па во зависност од изведбата, потрошувачката на бензин може да биде меѓу 2.5 и 3.3 литри на 100 изминати километри – со полни батерии, секако.

Ние имавме можност моќниот Cayenne Coupe да го возиме во неколку различни изведби, на неговата официјална промоција во Словенија минатата година. Прочитајте ги нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.