Ford одлучи во Европа да ги замени сите бензински верзии на Mondeo, со една хибридно-бензинска конфигурација.
Одлуката доаѓа по зголемувањето на продажбата на Mondeo за 25 проценти во текот на првите седум месеци од оваа година споредено со целата мината година во Европа.
Електрифицираното Mondeo е посебно популарно во Велика Британија и Италија, каде 75 проценти од овогодинешните купувачи на моделот се одлучиле за хибридната верзија.
Ford Mondeo Hybrid е погонувано од 2-литарски бензински мотор усогласен со електричен мотор и батерија од 1.4 киловати за комбинирана сила од 187 кс. Сериски ќе биде опремен со автоматска трансмисија која функционира слично како CVT менувач.
Хибридната верзија е самополнечка и се вели дека складира 90 проценти од енергијата која вообичаено се губи при сопирање. Електричната енергија воглавно се користи за да овозможи беспрекорно возење при „тргни-застани“ услови и да ги оптимизира потрошувачката на гориво и издувните гасови.
Моделот може да се добие во седан и караван изведба, со три нивоа на опрема: Titanium, ST-Line и Vignale.
Што се однесува до дизелите, Ford и понатаму го нуди одличниот 2-литарски EcoBlue турбодизел во неколку различни изведби. Секако, во зависност од изведбата, може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач, и со погон на предните или на сите четири тркала.