full screen background image
Search

Brabus го претстави лудиот Rocket 900!

Тјунерите од Brabus го зајакнаа моќниот Mercedes-AMG GT 63 S на 900 коњски сили 1250 Nm вртежен момент!

Минатите Rocket модели на Brabus вообичаено носеа V12, но ниту моќниот V8 во Rocket 900 не е за потценување. Екстензивните преработки вклучуваат зголемување на капацитетот на моторот од 4 на 4.5 литри, нови, големи турбополначи, подобрено ладење, како и грст софтверски подобрувања. Резултат на сето тоа? Моќни 900 коњски сили и 1250 Nm вртежен момент – но за жал со цел да се заштитат компонентите, вртежниот момент е ограничен на „само“ 1050 Nm.

Сето тоа овозможува катапултирање до 100 километри на час за само 2.8 секунди, 0 до 200 километри на час за 9.7 секунди, како и забрзување од нула до 300 километри на час за 23.9 секунди. Максималната брзина е ограничена на 330 километри на час.

Дополнително, Brabus Rocket 900 добива и агресивен бодикит со проширени панели за да може да бидат вградени поголеми и пошироки тркала. Автомобилот е и поблиску до подлогата, а добива и специална воздушна суспензија токму од Brabus.

Од Brabus кажуваат дека само 10 примероци ќе бидат конвертирани во оваа Rocket конфигурација, а сите ќе добијат и уникатни детали во кабината. Не би биле изненадени ако сите примероци се веќе резервирани – а ако земеме предвид дека сивиот примерок чини 485.000 Евра…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.