Alfa Romeo подготви специјална, акциска цена за Giulietta – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo подготви специјална, акциска цена за Giulietta

Од Alfa Romeo кажуваат дека Giulietta нуди спортска елеганција, беспрекорни перформанси и модерни технологии – и сето тоа по специјална, акциска цена за веднаш-достапни возила!

Alfa Romeo нуди специјален, промотивен попуст од 12% за сите верзии на Giulietta, и истакнуваат дека цените почнуваат веќе од 14.950 Евра. Цената се однесува за Alfa Romeo Giulietta опремена со 1.4-литарски турбо-бензинец со 120 коњски сили, шест-степен мануелене менувач, VDC со Hill Holder (ABS+ASR+Brake assistant), Q2, 16” тркала од лесна легура, радио со 5-инчен екран на допир со Bluetooth и USB, Alfa DNA селектор, темпомат, клима уред, управувач обложен со кожа, рачки на вратите во сатен финиш, предни светла за магла, спојлер на петта врата и многу повеќе..

Дополнително, понудени се специјални услови за купување на автомобилот преку ПроКредит банка, или пак преку Шпаркасе Лизинг, со можност за одложено плаќање на првата рата до шест месеци.

За повеќе информации околу оваа понуда, посетете ја веб-страницата на Alfa Romeo a доколку сакате да дознаете повеќе за Giulietta, ви советуваме да го прочитате нашиот тест на италијанскиот хечбек.

Извор: Alfa Romeo



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.