ПРЕМИЕРА: Hyundai i20 N напаѓа со турбо-бензинец и 204 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai i20 N напаѓа со турбо-бензинец и 204 коњски сили!

Најмалиот член на N-семејството на Hyundai тукушто ја имаше својата официјална премиера – и ќе ги освојува купувачите со спортски перформанси и 1.6-литарски турбо-бензинец со 204 коњски сили!

Кажете му добредојде на Hyundai i20 N! Малиот спортски хечбек на Hyundai е придвижуван од 1.6-литарски T-GDi турбо-бензинец кој преку 6-степен мануелен менувач кон предните тркала испорачува 204 коњски сили и 275 Nm вртежен момент. Благодарение на моќниот турбо-бензинец, но и малата тежина од само 1190 килограми, i20 N забрзува до 100 километри на час за сосем задоволителни 6.7 секунди и постигнува максимални 230 километри на час.

Дополнително, i20 N може да се пофали и со надграден систем „за дишење“, специјален турбополнач и N Corner Carving Differential – односно преден диференцијал со ограничено пролизгување. Скако, тука се и спортскиот бодикит, големите спортски тркала, надградените сопирачки, кабината во која има многу спортски детали и многу, многу повеќе. Шасијата е зајакната во 12 точки, а суспензијата е специјално доработена за да испорача што е можно подобро управување.

Достапни ќе бидат шест различни бои, а сите бои можат да се комбинираат и со црн кров. Продажбата ќе започне на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.