Освежениот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia

Само неколку месеци по официјалната презентација, освежениот Stonic пристигна во салонот на Kia Motors Macedonia.

Stonic дебитираше во 2017 година, а од неговото претставување до денес има голем успех за брендот во Европ – во 2019 година, тој беше четврти најпродаван модел на стариот континент.

Stonic е автомобил кој го бараат помладите купувачи, а новиот освежен изглед и нивото на опременост во иднина ќе ги надополнат сите побарувања кои досега ги имаа клиентите. На нашиот пазар, моделската 2021 година ќе биде понудена во три нивоа на опременост во комбинација со два бензински мотори.

Првата изведба е Base и истата ќе се нуди исклучиво со 1.2 DPi бензинскиот мотор со моќност од 84 коњски сили и пет степен мануелен менувач, потоа следи нивото Reference 1, кое во себе содржи богата опрема, а се комбинира и со 1.0 T-GDi мотор со 100 КС со мануелен шест степен или автоматски седум степен менувач. Третата и најопремена изведба е Reference 2, и истата е посветена на оние кои сакаат повеќе, односно сакаат да се истакнат со својот автомобил.

Внатрешниот и надворешниот дизајн на Stonic остануваат главно непроменети, сепак сопствениците ќе имаат уште поголем простор за прилагодување отколку порано, со нови бои на каросеријата и покривот и нов избор на тркала. Во внатрешноста на Reference нивоата на опрема, нови се инфо-забавниот систем со екран осетлив на допир од 8 инчи со новите функции на Kia и 4.2-инчниот екран на инструмент таблата.

Безбедноста и поддршката на возачот дополнително се подобруваат со усвојување на низа нови високо-технолошки напредни системи за помош на возачот како FCA – системот за избегнување фронтален удар со препознавање на возила и пешаци и LKAS – системот за одржување на возилото во лента.

Повеќе за новиот Kia Stonic може да погледнете на официјалната веб-страница, или во салоните на Kia Motors Macedonia.

Поврзано:   Дамите го одбираат Women's Worldwide Car of the Year - ова се финалистите!

Извор: Kia Motors Macedonia



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.