full screen background image
Search

Range Rover Velar добива нови погонски опции и плаг-ин хибридна изведба.

Луксузниот Range Rover Velar добива нови погонски опции и моќен плаг-ин хибрид со 400 коњски сили!

Како и другите модели на Land Rover и Range Rover, и Velar добива нови погонски единици. Најважниот новитет е P400e кој комбинира 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри со батерија со капацитет од 17.1 kWh и електромотор со моќност од 105 kW. Резултат на ова – како што и името кажува – се 400 коњски сили и 640 Nm вртежен момент, но и забрзување до 100 километри на час за 5.1 секунда, како и електрична автономија од 53 километри.

Допоилнително, во понудата влегуваат и новите 3-литарски Ingenium мотори со шест цилиндри во линија. Тука ги наоѓаме дизелскиот D300 и бензинскиот P400. Обата мотори користат 48-волтна лајт-хибридна архитектура и соодветни системи. Дизелот испорачува 300 коњски сили и 650 Nm вртежен момент и му овозможува на Velar да забрза до 100 километри на час за 6.1 секунда. Моќниот бензинец испорачува 400 коњски сили и 550 Nm вртежен момент, и со овој мотор Velar забрзува до 100 километри на час за 5.2 секунди.

Нов „основен“ мотор сега е турбо-дизелскиот D200 кој располага со 200 коњски сили и исто така има 48-волтен лајт-хибриден систем. Овој мотор се очекува да ги замени досегашните D180 и D240. Уште еден важен новитет е и воведувањето на новите Pivi и Pivi Pro инфозабавни системи кои JLR ги нуди и кај некои други модели.

Ние луксузниот Range Rover Velar го возевме минатата година, нашиот тест можете да го погледнете тука.

Поврзано:   Доделени првите награди Златно Тркало!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.