ПРЕМИЕРА: Arkana е новиот хибриден купе-SUV на Renault за Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Arkana е новиот хибриден купе-SUV на Renault за Европа!

Renault одлучи дека сега е вистинското време да ја лансира Arkana и во Европа – и тоа исклучиво со хибридни, електрифицирани погони!

Renault има сè поголеми амбиции, а вистински пример за тоа е токму новата Arkana. Современиот Coupe-SUV на Renault влече дизајнерска инспирација од Megane, Kadjar и Scenic, но истовремено и од целосно-новото Clio. Arkana е на CMF-B платформата на Renault – истата супер-модерна платформа која францускиот бренд ја користи за новите Clio и Captur, но е значително поголем автомобил од нив. Всушност, Arkana е поголема и од популарниот Kadjar.

Интересна е одлуката на Renault да ја понуди Arkana на европскиот пазар само со модерни, електрифицирани мотори. Ќе можете да ја добиете со 1.6-литарски E-TECH погон кој испорачува 140 или 160 коњски сили и користи микро-хибридни технологии за подобри перформанси и подобрена ефикасност.

Инаку, кабината на Arkana е во линиија со другите нови модели на Renault – може да се добие со 4.2, 7 или 10.2 инчен дисплеј пред возачот, како и 7 или 9.3-инчен вертикално-поставен мултимедијален екран на централната конзола. Секако, ги добива и сите системи за активна и пасивна безбедност кои Renault ги нуди.

Со лансирањето на Arkana на европскиот пазар, Renault ја воведува и RS Line изведбата. Оваа изведба добива специјална боја, црни и карбонски детали, како и грст други спортски детали како на екстериерот, така и во кабината.

Дополнување: Во меѓувреме, од регионалата канцеларија на Renault пристигна информација дека Arkana во нашиот (Adriatic) регион ќе се продава под името Megane Conquest, додека во остатокот од Европа ќе се продава под името под кое веќе се продава во Русија – Arkana.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.