full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari го освежи Portofino – Сега се вика Portofino M и има 620 коњски сили!

Ознаката М во името на Portofino M значи „Modificata“, а освежениот купе-кабриолет на Ferrari сега има 620 коњски сили!

Ferrari Portofino M е всушност фејслифт (и замена) на постоечкиот Portofino. Новиот автомобил го добива надградениот 3.9-литарски твин-турбо V8 од Ferrari Roma, кој испорачува 620 коњски сили и 760 Nm вртежен момент. Моторот е впарен со 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка кој влече потекло од SF90 Stradale, а дел од опремата е и Manetinno со пет разични режими на работа, вклучувајќи го и Race режимот.

Забрзувањето до 100 километри на час трае само 3.45 секунди, до 200 километри на час 9.8 секунди, додека максималната брзина е повисока од 320 километри на час.

Инаку, Ferrari Portofino M добива редизајниран преден браник со поголеми и понагласени отвори за воздух, нов страничен отвор за воздух, редизајниран заден дел со нов издувен систем и според Ferrari – „покохерентна естетика околу целиот автомобил“.

Кабината добива некои нови материјали и нови комбинации за бои, и тоа е тоа – но тоа и не е критика, Portofino има сосем привлечна кабина. Но затоа, Portofino M добива Side Slip Control (SSC) систем од најновата генерација, кој се интегрира со E-Diff, TCS и супер-напредната суспензија – а тоа пак резултира со подобрено и подинамично управување.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.