Новиот Yaris е првиот автомобил со 5 ѕвездички на уште построгите тестови на EuroNCAP! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Yaris е првиот автомобил со 5 ѕвездички на уште построгите тестови на EuroNCAP!

Најновиот Toyota Yaris е првиот автомобил кој освои пет ѕвездички на уште построгите тестови на EuroNCAP за 2020 година.

Дел од новите тестирања е и целосно-новиот преден удар кој го заменува тестот кој се користеше од 1997-мата година. Дополнително, Yaris доби одлични оцени и за контрамерки против странични удари, но и новите Safety Sense системи на Toyota за спречување на несакани ситуации. Компактните димензии и паметно-дизајнираниот преден дел го прават Yaris да е уште побезбеден за другите учесници во сообраќајот и несаканите ситуации.

Новите, построги парамтери на EuroNCAP го прават тестирањето уште потешко, а освојување максимални пет ѕвездички е дополнително отежнато – и затоа токму таквиот резултат е одличен аргумент за новиот Yaris. Колку за потсетување, новиот Yaris неодамна пристигна и кај нас.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.